|
Заслужни за преводот на OpenOffice.org
Ова се заслужните луѓе кои на еден или друг начин учествувале во преведувањето на графичкиот интерфејс и/или помошта на OpenOffice.org на македонски. Ова се учесниците на маратонот за преведување на OpenOffice.org одржан од 16.09 до 19.09 2005 година. Беше целосно преведен графичкиот кориснички интерфејс и дел од помошта:
Речникот на поими (glossary) го изработи Жаклина Ѓалевска. Преведената верзија ја имате тука во по-формат и тука во OpenDocument-формат. Лектура, коректура и јазична редакција на преводот од маратонот (и темелно прегледување на целиот превод):
Ова се учесниците на вториот маратон за превод на помошта на OpenOffice.org, одржан од 30.06 до 02.07 2006 година:
Искажуваме благодарност за соработката со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Скопје.
Искажуваме особена благодарност на фондацијата Метаморфозис која ги поддржа маратоните. За преводите во 2008 година заслужна е Владата на Република Македонија. Ова се страниците за постарата верзија 1.1.2 на OpenOffice.org на македонски. Тука има информации за маратонот за преведување на верзијата 1.1.2 на OpenOffice.org, а тука може да ги видите учесниците на маратонот. |

