Оди на содржината

 

Изберете легално - Изберете OpenOffice.org

Дали е вашиот канцелариски софтвер легален? Според бројките објавени од Мајкрософт, се смета дека 35% од софтверот во светот е фалсификат или на друг начин нелегален.

После години на неофицијално толерирање на пиратеријата како средство за освојување на пазарот, Мајкрософт сега оди во офанзива за да се обезбеди дека копиите на неговиот софтвер се легални.
  • Туку што купија софтверска компанија специјализирана за откривање и следење на софтверот кој е инсталиран на персоналните компјутери.
  • Користат интернет за да вметнат софтвер за откривање пиратерија во копиите на MS-Office во компјутерите на луѓето.
  • Низ целиот свет, Business Software Alliance изнаоѓа начини за прогон на прекршителите - на пример, во Велика Британија нудат големи суми пари како награда за секој кој ќе ги информира за такви организации.
  • Лиценцните договори на Мајкрософт се комплицирани - многу е лесно да ги прекршите несакајќи.
Ако имате копија на MS-Office на работа, училиште, дома - знаете ли точно од каде дошла?

За среќа, постои комплетно легална и слободна алтернатива.. OpenOffice.org 2 е комплетен канцелариски пакет, сличен по функционалноста на MS-Office. OpenOffice.org 2 прави се што ви треба: обработка на текст, табеларни пресметки, презентации и многу повеќе. Може дури и да ги користи датотечните формати на MS-Office (.doc, .xls, .ppt), така што не морате да ја препишувате вашата работа. И уште повеќе, прави работи кои MS-Office не ги може, како што е креирање на pdf датотеки за комуникација со останатите.

Ако знаете да го користите MS-Office, знаете да го користите и OpenOffice.org 2. Истражувањата покажаа дека е десет пати поефтино да се префрлите на OpenOffice.org 2 отколку да го ажурирате канцеларискиот пакет на MS-Office 2007.

Една анкета покажа дека 86% од корисниците повеќе би сакале да го пробат OpenOffice.org 2 отколку да го купат MS-Office 2007.

Па тогаш што чекате? Ништо не ве чини да пробате. Ако ви се допаѓа, OpenOffice.org 2 нема да ве чини ништо да го користите колку што сакате и кога сакате.. Мир на душата за безпари.


Изберете легално - изберете OpenOffice.org денес!




Вебмастери! Помогнете во намалувањето на софтверската пиратерија низ целиот свет! Заедно можеме да помогнеме да се намали софтверската пиратерија и да промовираме слободен избор на софтвер. Ве молиме копирајте/вметнете го кодот подолу во вашата веб страница или блог и прикажете го копчето на кампањата „Земи легално. Земи OpenOffice.org“.
Изберете легално. Изберете OpenOffice.org


Microsoft, Microsoft Office, Word, Excel, и Powerpoint се или регистрирани трговски марки или трговски марки на Microsoft Corporation во САД и/или во други земји.